Мала заинтересираност за згрижување лица со попреченост

Не постои голема заинтересираност за згрижување лица со попреченост, истакна при гостувањето во емисијата Инклузија на телевизија Плус, директорката на Центарот за социјални работи, Александра Арсовска.  Таа информираше дека згрижувач може да биде лице кое е полнолетно, деловно способно, станбено обезбедено, не осудувано, како и не постаро од 62 односно 65 години. За да се грижи за лице со попреченост, згрижувачот треба да помине обука која ја спроведува Центарот за социјални работи.

-Бенефитот на згрижувачите односно згрижувачкото семејство е паричниот надомест кој што ќе го добиваат на месечно ниво за секое згрижено лице постои надомест за згрижување, сместување и вкупно изнесува  10.300 денари кои исто така се зголемуваат на годишно ниво, а во едно згрижувачко семејство може да бидат сместени најмногу 5 лица. И згрижувачите имаат одредени поволности како право на згрижувач кој во изминатиот период згрижувал лице со попреченост а како што беше и правото за самохран родител, истите услови важат и за згрижувачот кој со навршување на 62 или 65 годишна возраст, може да се стекне со право на парична помош доколку во континуитет згрижувал лице со порпоречност истиот износ е и на ова право до 8.000 денари на месечно ниво износот се згоелмува согласно порастот на трошоците-нагласи таа.

Потенцијалните згрижувачи сите подетални информации можат да ги добијат во Центарот за социјални работи.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)