Малолетничка повредена на пешачки премин со „ауди“

Малолетничка од Куманово се здобила со тешки телесни повреди откако на пешачки премин девојчето било удрено со „ауди“ управувано од 20-годишен кумановец.

Според СВР Куманово, вчеравечер околу 23.10 часот било пријавено дека на булеварот „Октомвриска Револуција“ во Куманово, патничко моторно возило „ауди“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од М.Ј.(20) од Куманово удрило во малолетен пешак. Во незгодата малолетничката се здобила со тешки телесни повреди констатирани во Општа болница Куманово.

Коментари

коментар(и)