Мало парче рај во Македонија каде што царува тишината (фото)

На само 5 km од Куманово, низводно од вливот на Кумановка во Пчиња, природата ја формирала прекрасната Бислимска Клисура. Бислимската Клисура е мала клисура, долга околу 7 km, но дури и на оваа кратка должина има што да се види. Народски, овој простор е познат едноставно како „Бислим“ и веднаш асоцира на каменлив и мистериозен простор каде што ретко кој стапнува или поминува.

 

Всечена е во варовнички карпи со јурска старост. Има стрмни страни, на одредени места речиси вертикални косини, така што на некои места наликува на кањон. Над каменоломот (Краста) можат да се видат и неколку вртачи – единствени од таков вид во кумановско. За нивното создавање биле потребни илјадници години во кои атмосферските врнежи го растворале варовникот и формирале вдлабнатини.

Во клисурата се наоѓаат десетина пештери и пропасти, долги до 90 м. Најдолга пештера е Студен Пештер (90 m), а најдлабока пропаст е Маркова Куќа, длабока околу 40 m.

Кога реката не е премногу надојдена и предлабока, може да се премине за да се види убавиот Лишков пештер, можеби најбогатиот објект со пештерски накит во Бислимската Клисура и воопшто во Кумановскиот крај.

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)