ВИДЕО: Манифестација „Велигден ист на различен начин“ на Здружението Живот

На градскиот плоштад во вторник по втор пат ќе се одржи манифестацијата „Велигден ист на различен начин“, која ја организира здружението „Живот“ Куманово. Организаторите најавуваат богата програма, со изложба и избор на најубаво декорирана велигденска кошница најубаво велигденско јајце и литературно читање. Манифестацијата е предвидено да заврши со турнир во кршење велигденски јајца и прогласување на најцврсто велигденско јајце.

-Според христијанската традиција и начин на чествување на големиот христијански празник Велигден, и ние имаме активности кои траат 43 дена, 40 дена е постот и 3 дена чествувањето на велигденскиот празник. Клубот на млади на Здружението Живот има различни настани, едукација, обуки, запознавање, информирање но со сите други национални и верски припадници кои се исто така членови не би зборувал за сите 40 дена за активностите, туку само за последните 3 дена. На Велики четврток е големата работилница во Занаетчискиот дом со познати ликовни уметници на ниво на земјава ќе изработуваат и декорираат велигденско јајаце, со кои и ќе учествуваат на главниот настан во вторник на градскиот плоштад, каде ќе има дури и натпреварувачки карактер. Претходно сите училишта, градинки, одредени здруженија, претставници на невладини организации, фирми формираат декоративна кошничка, велигденска ќе има награда за прво, второ и трето место ќе се доделат соодветни награди. Ќе има натпревар и за три најубаво декорирани јајца, и натпревар во кршење на велиденско јајце, за најцврстото ќе има и соодветен пехар. Првата замисла беше да бидат од Куманово ученици од основни и средни училшта, но ќе имаме покрај соседни Старо Нагоричане и Липково ќе има претставници и од Конче, Ранковце, Македонска Каменица и настанот ќе се збогати и со музички настан во Занаетчискиот дом ќе има литературно читење на тема чествување на големиот празник-истакна организаторот Драган Цветковиќ од Здружението Живот Куманово.

Коорганизатор на настанот е Фондацијата за култура и спорт Куманово. Од здружението ги повикуваат сите заинтереснира граѓани и верници да ја збогатат манифестацијата. Инаку приоритетна цел на Здружението Живот е развој на земјоделството и заштитата на животната средина, но здружението покренува и спроведува различни иницијативи, акции и проекти, со кои придонесува за подобра иднина на целокупното население. Во моментов има повеќе од 1000 членки само во Куманово и свои клубови кои работат во различни области.

 

 

 

 

Коментари

коментар(и)