Марш за родова рамноправност

По повод Меѓународниот ден на жената, 8-ми март, денеска во центарот на градот, по втор пат се одржа марш за родова рамноправност. Членови на невладини организации, ученици и граѓани од Градскиот плоштад се упатија пред споменикот на Жена борец, кадешто закачија пораки со клучни прашања кои се однесуваат на жените. Целта на маршот е да се анимира јавноста, особено младата популација за разликите во рамноправноста помеѓу мажите и жените, и да се слушнат пораките од кои може да произлезе декларација.

-Дел од пораките се однесуваат на право на еднакво платена работа, учество во јавниот живот и политиката, на 40 градоначалнички места наместо 4 кои што се сега. На 13 министерски места, наместо две, на еднакво учество во распределба на функциите коишто сега се на ниско ниво од 14 проценти во државните и јавните власти од кои 10 проценти се директорки на градинки, основни училишта што ги покажува оние параметри на родовото определеност на општеството, дека жените се предодредени да се грижат за семејството и домашните обврски што не е лошо, што нам жените ни е гордост, но тие треба да ја остварат и својата друга општествена, социјална и економска обврска во општеството и да бидат на рамноправно ниво со мажите-нагласи Оливера Доцевска, учесник во маршот.

Маршот го организираше граѓанската организација Јустиција, во соработка со други партнери.

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)