Маскенбал „Батко Ѓорѓија 2016“

Традиционалниот маскенбал „Батко Ѓорѓија 2016 “во организација на општина Куманово ќе се одржи во сабота на 14-ти  мај на градскиот плоштад. На манифестацијата ќе учествуваат околу 2.000 ученици од најмала возраст до средношколците, а ќе се претстават со повеќе од 40 поединечни и групни маски.

– И оваа година ќе има две маски од струмичкиот карневал Тримери, ние се залагаме општина Куманово и Куманово да биде членка на Европската асоцијација на карневалските градови за која треба да  исполниме некои услови и критериуми , апел до граѓаните да учествуваат помасовно, изјави Цоки Ристовски, раководител на Сектор за култура и спорт

И оваа година  учесниците ќе се соберат на спортскиот полигон кај училиштата „Крсте Мисирков “ и „Браќа Миладиновци“ , потоа ќе прошетаат по булеварот Трета Македонска, по „Гоце Делчев “ и во 11 часот ќе продефилираат пред жири комисијата и пред публиката на градскиот плоштад.

– Пред се учество активно да земеме на маскенбалот кој е традиционален со тоа што минатата година заради настаните во Диво Насеље беше одложен, традицијата ја продолжуваме, Куманово полека, но сигурно ја гради традицијата и се враќаме на мапата на градови на карневали со тенденција во наредниот период да достигнеме повисоко ниво да влеземе во Федерација карневалска , изјави Зоран Дамјановски, градоначалник на Куманово

На  маскенбалот ќе бидат доделени 10 награди, за освоено 1, 2 и 3 место за учесниците од градинка, од основните и од средните училишта , а традиционално жири комисијата прогласува и најиновативна маска .

 

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)