Матурантите повторно на протест

Средношколците денеска повторно протестираа единствени во нивното барање- математиката да не биде задолжителен предмет при полагање на државна матура. Иако беше планирано да се протестира пред просториите на подрачното министерство за образование и наука во градот, матурантите поради лошите временски услови писмото упатено до надлежните го прочитаа на градскиот плоштад. Граѓани на РМ, еве се собравме тука за да ве потсетиме дека не е се така розово како што ви кажуваат секоја вечер од сите гласила. Зарем ова е Македонија? – прашаа средношколците.

– Се собравме тука за да им порачаме на позицијата и опозицијата да не не мешаат во нивните политички сплетки. Ние сме средношколци, не партиски пиуни. Ние сме средношколци, не експериментални глувци и ние сега стапивме заради вашите купени дипломи. Ни го земаат правото на избор, а од друга страна ни зборуваат за демократија, заборавајќи го нејзиното вистинско значење- владеење на народот, рече Маркус Крстев од гимназијата „Гоце Делчев“

За разлика од претходните протести, матурантите денеска не ја бојкотираа наставата. Во исто време, протести се организирани во сите градови пред канцелариите на подрачните министерства за образование и наука.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)