Матурантите полагаа математика

Во средните училишта Гимназија „Гоце Делчев“ и „Перо Наков“ денеска средношколците го полагаа вториот предмет од државната матура, математика. Од училиштата посочија дека уште од декември матурантите кои што се пријавени за полагање на овој предмет имале доволно време да се подготват. Математика денеска полагаа 194 ученици, а надлежните посочија дека сите ученици се појавиле на успитот. Од училиштата истакнаа дека бројот на кандидатите кои што се пријавиле е задоволителен, а се надеваат дека учениците ќе ги оправдаат очекувањата на професорите и ќе ги постигнат резултатите кои што се забележани минатата година, а можно е и да ги надминат.

-Кај нас се пријавени 76 кандидати во Гимназија. Тоа е некако како по традиција секогаш по меѓу 70 и 80 кандидати полагаат, тоа се ученици кои што претежно сакаат да одат на техничките факултети. Се надеваме дека ќе имаме успех, дека ќе немаме неположени и поголеми перциптилни рангови на децата, вели Лидија Костиќ, психолог во Гимназија „Гоце Делчев“

-Во нашето училиште „Перо Наков“ полагаат и ученици од техничко училиште „Наце Буѓони“ вкупно полагаат 40 ученици на македонски наставен јазики 45 на албански, 29 ученика од техничкото училиште на македонски и 4 на албански од техничкото училиште. Засега се тече како што е предвидено мислам дека така ќе биде до крајот, вели Лидија Тасевска, директор на средното училиште „Перо Наков“

Во однос на техничкиот дел на организирање на испитот од училиштата посочија дека нема одредени недостатоци. Исто така потенцираа дека нема грешки во тестовите, а тестаторите навремено и во точните временски рокови ги предале на полагачите, така што се поминало во најдобар ред.

-Присутна е госпоѓа Маријана Варџиска од Биро за развој на образование како набљудувач на овој дел од матурата и мислам дека се е во ред, вели Лидија Тасевска, директор на средното училиште „Перо Наков“

-Сите беа дојдени на време, навреме почнаа подготовките, се проверија документите. Сите тестатори беа навреме подготвени за испитот, вели Лидија Костиќ, психолог во Гимназија „Гоце Делчев“

Во однос на тестот средношколците имаа поделени мислења. Дел од нив се надевале на полесни задачи, а другиот дел посочија дека оние кои што систематично работеле на материјалот во текот на четирите години не би требало да имаат проблем со одговорите.

-Не ми беше тежок тест исто така и по математика, имаше некои задачи кои што беа тешки, ама лесно поминав. Беше се од материјалот од прва да четврта година, се е учено, само кој се потрудил да учи на часови и кој запомнил ќе се присети и ќе го напише прашањето што го учел, вели Мартина Бајдевска, матурант „Перо Наков“

Во наредните денови следуваат тестирањата по другите предмети. На тринаесети јуни ќе се полага странски јазик. Најголем број на матуранти го имаат изберено англискиот. Завршниот ден од матурата е 15 јуни кога ќе се полагаат предметите хемија, физика, билогија, историја, бизнис, странски јазик и математика за оние ученици кои не го одбрале како втор изборен предмет.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)