Матурантите полагаа странски јазик

Во средните училишта денеска се полагаше странски јазик како дел од државна матура. Сите испити започнаа во 10 часот, а полагањето траеше три часа. Вообичаено најмногу матуранти имаат избрано да полагаат  англиски јазик .  Во средното техничко училиште „Наце Буѓони“ покрај англиски, се полагаше француски и руски јазик.

-Денеска се полагааат странски јазици, англиски 102 ученика,  француски -9 и руски- 2 ученика. Полагањето започна навреме, нормално се одвива, има отсутни два –три ученика. Овие ученици имаат и втор термин за полагање  во августовскиот испитен рок , на 25 јули е пријавувањето  за полагање во август, изјави Сашо Димишковски, професор по машински предмети

Матурантите кои што денеска полагаа сметаат дека најголем дел од прашањата по англиски јазик се лесни за одговарање, но според нив имало и неколку двосмислени прашања.

-Прашањата се лесни, но малку двосмислени бидејќи се на англиски, англиски е малку потешко треба повеќе да размислиш, полагањето трае 3 часа, очекуваме одлични резултати, изјави матурант

Последниот дел од државна матура ќе се полага на 15-ти  јуни. Тогаш се полагаат општообразовните предмети хемија, физика, биологија, историја, бизнис, странски јазик и математика за оние ученици кои не го одбрале како втор изборен предмет.

– На крај остануваат и за државна и за завршен испит стручните предмети што се полагат за занимањата што ги имаме овде- машинска,  електро-техничка и здравствена струка. Досега резултатите се добри, од македонски 2-3 најмногу паѓаат  во јуни, а  другите предмети ги положуваат , малку имаат проблеми со странски јазик, но во август сите положуваат,  изјави Сашо Димишковски, професор по машински предмети

Денеска беа објавени и резултатите за полуматурантите од екстерното тестирање, порано бидејќи за нив ќе следат уште обврски, уписи за во средно училиште кои се закажани за 28 и 29 јуни. Останатите ученици резултатите од екстерното ќе ги знаат на 17-ти јуни.

Деветоодделнците од основното училиште „Вук Караџиќ “ годинава , според надлежните , постигнале солидни резултати.

-Не стигнав да направам колкава е разликата помеѓу  училишниот успех и успехот од екстерно тестирање, меѓутоа направив набрзина просек  од екстерното така што е 3,33 за деветто одделение . Има доста ученици кои што постигнале солидни резултати, има еден мал дел ученици на кои што и школскиот успех им е незадоволителен така што имаат по некоја незадоволителна оценка и од екстерното тестирање  -изјави Надица Петровска, директор на ООУ„Вук Караџиќ“

Директорката Петровска посочуваа дека во претходните три години откако почна да се реализира екстерната проверка во училиштата немало големи отстапувања меѓу училишниот успех и резултатите од екстерното тестирање.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)