Матурантите се подготвуваат за прославата

По четири години поминати во училиштата клупа кумановските матурани наскоро ќе се простат од средните училишта. Раскажуваат дека деновиве интензивно се подготвуваат за матурската прослава. Додаваат дека по прослават им следи матурскиот испит, а потоа и запишување на некој од факултетите. Идните академски граѓани очекуваат во позитивна атмосфера и со насмевка на лицето, да помине матурската вечер. Нагласуваат дека на повеќето ќе им недостасуваат училишните денови.

-Се уште се во тек нашите подготовки и за прославата се разбира имаме луѓе кои се организирани за тоа, одат на состаноци. Во тек се и подготовки за полагање матура, ние како матуранти  имаме обврски на сите страни, се спремаме за полагање и славење. Имаме стекнато навика да бидеме дел од ова училиште секојдневието тука го поминуваме, меѓутоа со завршување на овој дел од нашиот живот треба да сме подготвени за уште потежок период-вели една матурантка.

Генерацијата матуранти 2015/2016 од гимназијата Гоце Делчев ќе слави во понеделник, во хотел Палас, исто како и матурантите од земјоделското училиште Киро Бурзан. Учениците од економското училиште Перо Наков најзначајната вечер ќе ја одбелажат во четврток во ресторан Бастион, како и техничкото училиште Наце Буѓони кое ќе слави во среда.

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)