МВР: Повеќе од 200 санкции за брзо возење во текот на вчерашниот ден

223 возачи на ниво на државата биле санкционирани во текот на вчерашниот ден по спроведената засилена акциска контрола од министерството за внатрешни работи за санционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 223 возачи.

Од нив, 13 возилa се движелe со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а три возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 117 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 106 надвор од населено место.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, информираат од министерството за внатрешни работи.

Коментари

коментар(и)