Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (14.09.2023) спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 227 возачи. Од нив осум возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а три возила се движеле дури со 70 километри на час над дозволеното. Притоа, 91 возило ја пречекориле брзината во населено место, а 136 надвор од населено место, соопштија надлежните.
МВР: Санкционирани над двеста возачи во земјава
