МВР: Санкционирани 346 возачи за брзо бозење

Министерството за внатрешни работи во текот нa вчерашниот ден спроведе зајакната акциска контрола на територијата на Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 346 возачи.

Од нив, 20 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а едно возило се движело со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.

Притоа, 167 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 179 надвор од населено место.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови, стои во соопштението на МВР.

Коментари

коментар(и)