МВР: Санкционирани 394 возачи за брзо возење

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден спроведе зајакната акциска контрола на територијата на Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 394 возачи.

Од нив, 53 возилa се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а пет возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 175 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 219 надвор од населено место.

Коментари

коментар(и)