Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден спроведе засилена акциска контрола на територијата на Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 240 возачи.
Од нив 24 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а четири возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 121 возач ја пречекорил брзината во населено место, а 119 надвор од населено место, соопшти МВР.