МВР санкционираше 244 возачи во земјава

Во текот на вчерашниот ден (14.03.2022) Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 244 возачи.

Од нив, 13 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а три возилa се движелe со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 136 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 108 надвор од населено место.

Коментари

коментар(и)