МВР: 170 кумановци возеле над дозволената брзина

 

На подрачјето на Секторот за внатрешни работи Куманово во периодот од 31.12.2020 до 03.01.2021 година преземени се мерки и активности и констатирано е дека 170 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената, од сообраќај се исклучени 30 возачи (11 возачи кои управувале под дејство на алохол и 19 возачи управувале возила пред да се стекнат со право за управување на моторно возило). Од сообраќај се исклучени седум возила бидејќи биле нерегистрирани, санкционирани се три возачи поради неправилно престигнување, двајца поради движење во спротивна насока, тројца  возачи поради непочитување на сообраќајни знаци. Во текот на изминатите четири дена издадени се 330 прекршочни платни налози, од кои 152 се за неносење на заштитна маска во време на пандемија, додека 15 возила се подигнати со специјално возило „пајак“ и 21 санкционирани возачи поради непрописно паркирање.

Инаку, што се однесува до Уредбата за задолжително носење заштита на лицето, МВР информира дека во текот на изминатото деноноќие за периодот (03.01/04.01.2021) евидентирано е дека на ниво на Секторот за внатрешни работи Куманово, 113 лица не ја почитувалe, од кои  во Куманово 77, во Крива Паланка – 18 и  во Кратово – 18 , а за истите ќе следуваат соодветни мерки.

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)