МВР: 192 санкции за брзо возење

Во текот на вчерашниот ден (16.05.2023) Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 192 возачи. Од нив шест возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа 132 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 60 надвор од населено место, соопшти МВР.

Коментари

коментар(и)