Во текот на вчерашниот ден (15.03.2022) во периодот од 09.00 до 13.00 часот Министерството за внатрешни работи спроведе засилена контрола во делот на сообраќајот на територијата на Македонија. При контролата биле упатени во станица за технички преглед 202 возила, при што кај 79 возила биле констатирани технички неисправности, а санкционирани се 253 возачи поради непочитување на сообраќајните правила и прописи.
МВР: 79 возила вчера биле технички неисправни
