„Медиа камп Буверо“ во Старо Нагоричане

Десетина студентки и средношколки од ромската етничка заедница од повеќе градови од државата се едуцираат за развој на професионални вештини од новинарство, фотографија и филм. Обуката во рамките на вториот „Медиа камп Буверо 2016“ е во организација на Фондацијата Ромедиа и Националниот Ромски Центар, а се одржува во комплексот Етно село во општина Старо Нагоричане. Според надлежните , целта е  е да се зајакне самодовербата на учесничките, да се обучат, да се олесни нивниот пристап кон понатамошното образование и активно да се вклучат во заедниците за социјални промени.

-Имавме доста апликанти, но ги одбравме тие што се солидни ученици и драго ми е што ги има од различни нивоа на степен на едуцирање   -изјави Ашмет Елезовски од Национален ромски центар

На еднонеделниот  камп учесничките постепено ќе се запознаваат со основите на новинарство и документарниот филм.

-Суштината на овој камп е да ги научиме како се комуницира, како се отвора кон светот, како може- дали преку збор ,дали преку слика , зависно од тоа како тие ќе почувствуваат дека е нивниот медиум за комуникација,  -изјави Славица Ќурчинска од Национален ромски центар.

Учесничките при крајот на кампот сами ќе креираат документарни филмови под менторство на НРЦ.

Обуката завршува на 12-ти август. Кампот е финансиран преку програмата „Европа за граѓаните“  на ЕУ.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)