Медиумите ја бојкотираа седницата на советот

Кумановските медиуми денеска ја бојкотираа седницата на Советот на Општина Куманово, затоа што се против воведување акредитации за следење на седниците. Сметаат дека надлежните прво треба да им обезбедат соодветни услови за работење, па тогаш да им воведуваат одредени правила. Додаваат дека не дозволуваат некој да им го ограничува пристапот, односно да им одредува каде ќе седат, од кој позиција и колку ќе снимаат. Велат во време кога се бориме за слобода на изразување, некој се осудува да воведе вакви акредитации.

-Новите правила предвидуваат акредитираните новинари да седат како во „излог„ пред советниците, при тоа не смеат да стануваат и да снимаат од каде што сакаат. Се препорачува да не ги ставаат диктафоните пред советниците затоа што ги деконцентрирале. Наспроти тоа условите за работа остануваат исти, новинарите повторно белешките ќе ги пишуваат во тефтерите на колена, како и досега. Зошто тогаш ни треба акредитација-прашуваат новинарите.

Тие нагласуваат дека на овој начин постои можност да им ограничи слободата на изразување, затоа што може да се случи некој новинар од оправдани причини да не може навреме да аплицира, што значи дека нема да може да го проследи настанот и да ја информира јавноста. Воедно со овој бојкот го искажуваат и својот револт против како што велат непристојното однесување на одредени советници, како и претставници на администрацијата. Порачуваат дека се чувствуваат деградирано затоа што не наидуваат на взаемна соработка. Објаснуваат дека иако сакаат да останат професионални во својата професија и да го имаат ставот на сите засегнати страни за одредена сторија, сепак во многу случаи поради некоректниот однос на институциите тоа не им успева.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)