„Медиум објектив“ бара субвенционирање на локални и регионални медиуми

Здружението на регионални и локални телевизии, Медиум Објектив бара помош и поддршка од државните институции, заради актуелната состојба во која се наоѓа државата и потребата од редовна информираност на јавноста за актуелниот корона вирус COVID-19, како и за превенција, во обид како традиционални медиуми да ги заштитиме граѓаните од секојдневниот прилив на лажни вести.

Во дописот испратен до Владата и неколку надлежни министерства се истакнува моменталната состојба за донесување посебни одредби за субвенционирање на регионалните и локални медиуми за да можат да продолжат со континуирана работа новинарите и медиумските работници и да известуваат за состојбите во регионите каде делуваат. Согласно одлуката и препораките на Владата на Република Северна Македонија, приватниот сектор на локално и регионално ниво оправдано ги прекинува сите рекламни активности, а тој е практично единствениот извор на финансирање на традиционалните регионални и локални медиуми.

 Во дописот се бара во најкраток можен рок, да се обезбеди финансиска помош за оваа погодена група медиуми, кои и понатаму ја извршуваат својата функција и општествена одговорност. 

 Официјалниот предлог за помош и олеснување на работата, според извори од здружението би било ослободување од плаќањето на лиценцата за 2020 година, односно враќање на средствата кои веќе се уплатени во Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ААВМУ) по тој основ.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)