Меморандум за соработка со Марибор и Нови Сад

Меморандум за соработка денеска потпишаа  градоначалниците на Куманово и  Марибор, Зоран Дамјановски и Андреј Фиштравец,  како и заменик -градоначалникот на  Нови Сад, Срѓан Кружевиќ. Повеќегодишната соработка меѓу трите општини резултираше со трипартитен договор чија цел е продлабочување на заемната соработка во сите области на општествениот живот, инфраструктурата, образованието, социјалниот живот, културата, спортот.

Марибор идната година за градовите пријатели ќе организира конференција за решавање на локалните инфраструктурни проблеми по пат на заштеда.

Во 2012 година Марибор беше европска престолнина на културата и на тоа ниво градот многу соработувал со збратимените и пријателските општини, велат надлежните. За 2021 година за европски центар на културата е избран Нови Сад.

По потпишувањето на меморандумот, делегациите на Република Србија и Република Словенија во придружба на првиот човек на Куманово посетија значајни културно- историски објекти во градот.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)