Меморијален турнир во чест на Мартин Симоновски

Локален клуб на Социјалдемократската младина на Куманово, традиционално по 4-ти пат организира меморијален турнир во мал фудбал во чест на прерано згаснатиот живот на Мартин Симоновски-Матрикс.

Натпреварите ќе се одржуваат на 17 и 18-ти октомври во салата на СОУ „Перо Наков“. На овој турнир предвидено е да учествуваат 16 екипи.

Сите заинтересирани екипи своето учество треба да го пријават до утре  во партиските простории или на телефонскиот број 077 585 800.

Тие ги повикуваат сите граѓани со спортски дух да земат учество и заедно да му одадат почит на Симоновски.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)