Меморијален турнир за Мартин Симоновски -Матрикс

-Локалниот клуб на СДММ Куманово по осми пат организира традиционален меморијален турнир во мал фудбал во чест на нашиот другар Мартин Симоновски – Матрикс.

Натпреварите од овој турнир ќе се одиграат на 27-ми октомври (недела) во салата на ООУ „Христијан Т.Карпош“ во населба Перо Чичо, а турнирот ќе биде отворен во 11 часот.

Пријавувањето на екипите трае до 25-ти октомври. Учеството на екипите изнесува 800 денари и истите до петок ќе можат да се пријават. Ждрепката ќе се одржи на 26-ти октомври, во 18 часот во просториите на ОО на СДСМ Куманово.

-Ве повикуваме да присуствувате на овој турнир на кој со спортски дух ќе оддадеме почит на прерано згаснатиот живот на нашиот другар Мартин Симоновски – Матрикс, изјави Мартин Захариев, претседател на СДММ Куманово.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0 0

Коментари

коментар(и)