Месецов поради снегот не се плаќа за паркинг простор

Директорот на јавното претпријатие Куманово-паркинг, Фадиљ Шабани посочи дека поради лошите временски услови овој месец не функционира пајак службата. Тој додаде дека граѓаните немаат обврска за плаќање за изнајмување паркинг простор. Претпријатието би требало да започне да функционира нормално во текот на наредната недела.

-ЈП Куманово паркинг тековно продолжува со работа, и самите сте сведоци дека овој месец е пеколен, вонредни околности не само во Куманово туку во целата држава и регионот, ние продолжуваме со работа меѓутоа сами сте сведоци пајак службата не фунцкионира, бидејќи камионот е стар 1986 година и затоа ние сме претпазливи во овој период да не излегува на терен бидејќи временските услови не го дозволуваат тоа и исто така паркинг сведоци сте дека овој месец менаџерскиот тим одлучи да не става канџи на ниту едно возило заради тоа што времето е такво, и паркинг просторите се затрупани со снег. Прироритет овој период заедно со надлежните општински служби даваме пред се на граѓани на општина Куманово за расчистување на улици и тротоари а во третиот дел доаѓа нашата работа. Овој месец не сме санкционирале ниту еден граѓанин на општина Куманово-истакна  Фадиљ Шабани, директор на ЈП „Куманово-паркинг“.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)