Месноста „Гладно поле“ без канализација и асфалт

Во  населбата  Перо Чичо, во месноста „Гладно поле “ се уште нема  канализација, асфалт и улично осветлување иако граѓаните за ова платиле на општината уште кога почнале да ги градат нивните домови. „Наместо во урбанизирана средина, ние се уште живееме на поле“ – обвини вчера на пресконференција Мартин Јанчиќ од општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ.

-Со години веќе одиме кај градоначалникот и бараме асфалтирање на улиците и приклучок кон канализациона мрежа , но по се изгледа без резултат. Укажуваме до локалната власт дека вака не можеме да живееме, дека мора нешто да се преземе. На последните локални избори ветивте дека ќе изградите канализациона мрежа во Гладно поле ,но како да сте заборавиле или пак имате други приоритети? Како да не ве засега тоа што се давиме во кал, посебно овој период кога врнежите зачестија- изјави Мартин  Јанчиќ од ОК ВМРО-ДПМНЕ , Куманово

Жителите на „Гладно поле“  кое се наоѓа на еден километар до центарот на Куманово го упатија, како што велат,  последниот апел до градоначалникот Дамјановски за урбанизирање на месноста.

Жителите на Гладно поле го повикаа првиот човек на градот да го исполни и ветувањето за именување и нумерација на улиците.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)