Мештаните на Железничка станица немаат асфалт

Жителите на двете улици во населбата Железничка станица, со години се без асфалт. Иако на ова место се доселиле уште во 70-тите години, револтирано раскажуваат дека се принудени секојдневно да се движат по дупки, а кога ќе завре газат кал до колена. Велат дека до сега не наишле на разбирање кај надлежните за решавање на овој сериозен инфраструктурен проблем.

-Не е само пат, јас сум од 70-ти години овде, ништо нема, сами струја воведовме, вода, телефон, канализација, се што треба.  Зимно време да не дојдеш тука, многу е лошо-велат тие.

Жителите на Железничка станица, која се наоѓа на три километари до центарот на Куманово, апелираа до надлежните да не ги посетуваат само пред изборите, туку навистина да се заложат да ги решат овие децениски проблеми.

 

Од Секторот за урбанизам при Општина Куманово истакнаа дека во моментов не е предвидено да се работи на оваа локација.

 

 

 

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)