Мештаните на Средорек се информираа за легализација

Во рамки на проектот „Поддршка за легализација на ромско домување“, претставници на Националниот ромски центар вчера ја посетија населбата Средорек, при што ги информираат мештаните за нивните права.

Проектот кој се реализира со финансиска поддршка на Европска унија, го спроведува НРЦ, заедно со Симбиозис 12 и ОРМ Бела кула во Кичево.

-Организираме карван во населба Средоред, со цел да ги запознаеме граѓаните со постапката за легализација и правата коишто ги имаат во оваа постапка како и процедурите кои се однесуваат на неа.  Сите се заинтиресирани за постапката за легализација затоа што со неа добиваат имотен лист за објектите во кои што живеат со години и децении наназад.  Карванот наредниот период ќе продолжи во други пет општини каде го имплементираме проектот Кочани, Кичево, Штип, Велес и Прилеп-истакна Александра Георгиевска, проектен менаџер.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)