Мештани го блокираа патот кон депонијата Краста

Мештаните на Пчиња, Студена бара и Вакв денеска три часа го блокираа патот кај депонијата Краста. Тие бараат надлежните да излезат на терен и да видат со каков проблем се соочуваат поради каменоломот.

Велат дека тешките товарни возила го оштетуваат нивниот пат и секојдневно ги попречуваат при движењето. Жителите на овие села нагласуваат дека поради каменоломот се загадени и бројни земјоделски култури.

 

Според нив каменоломот ги нема сите потребни дозволи за работа и затоа апелираа до надлежните да обрнат внимание на нивниот проблем. Нагласија дека доколку по блокадата нема реакција, тие се подготвени повторно да протестираат.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)