Меѓугенерациска средба во здружението на пензионери

Во просториите на здружението на пензионери Куманово денеска се одржа традиционалната меѓугенерациска средба во пресрет на Свети Трифун, односно Свети Валентин. Пензионерите и подмладокот на Црвениот крст од Куманово настапија со заедничка програма посветена на виното и љубовта.  

-Програмата е заедничка . Волонтерите настапуваат со песни, поезија и проза во името на Свети Валентин, љубовна поезија, а ние пак старите со  македонски песни за виното,  за љубовта за да ги потсетиме младите какви песни се пееле . Тоа се наши солисти , дуети од КУД „Ѓоко Симоновски“ , а исто така дел има и од драмската работилница со инсерт од „Ленче кумановче“, изјави Славица Ламбаша, Здружение на пензионери Куманово

Волонтерите на Црвениот крст од Куманово првпат доаѓаат во просториите на здружението на пензионери по повод одбележување на празникот. Претходните години  програмата се реализираше во просториите на општинската организација на Црвен крст.

-Денеска сме тука со 50 волонтери, среќни сме што пензионерите ни овозможија да се дружиме со нив. Настапуваме со соло песни,а на крајот ќе има и заедничко оро со пензионерите,  изјави Никол Ѓорѓевска, волонтер

Театарската претстава „Ленче Кумановче“  од членови на здружението на пензионери ќе биде изведена во кумановскиот театар на шести март , со почеток во 18 часот. Влезот ќе биде слободен. Оваа претстава традиционално се изведува во пресрет на празникот на помирување и простување –Прочка.

Коментари

коментар(и)