Меѓуграничен центар за млади претприемачи во Куманово

„Меѓуграничен центар за млади претприемачи“ и „Промоција на туристички атракции во 3D формат“  се двата проекта кои што беа презентирани денеска од Центарот за развој на Североисточниот плански регион Куманово и Асоцијацијата Регионален центар за Европски интеграции од Ќустендил. Проектите се финансирани по Програмата за меѓугранична соработка помеѓу Република Бугарија и Република Македонија.

Проект менаџерот од Куманово Младен Протиќ во врска со првиот проект појасни дека ќе се основа меѓуграничен центар за млади претприемачи со канцеларии кои ќе бидат опремени со ИТ опрема и друга канцелариска опрема. Како што посочува Протиќ, центарот ќе креира пријатна средина за учење на младите лица со цел стекнување на вештини за бизнис за да може овие лица да основаат сопствен бизис  или да го развиваат постојниот .

– Како дел од поважните активности се формирање на меѓуграничен центар за млади претприемачи во Kуманово,  канцеларија во Kуманово и канцеларија во Ќустендил, обука на 40 лица кои ќе бидат изберени на основна изработена методологија млади лица кои имаат идеја да започнат сопствен бизнис и кои веќе имаат некоја своја идеја иновативна со која би сакале да го надградат веќе постоечкиот бизнис.  Проектот ќе трае 15 месеци со вредност од околу 110.000 евра и се надеваме дека овие обуки, овој меѓуграничен  центар за млади лица ќе биде од корист за бизнис заедницата односно  за младите претпримачи од двата региона, изјави Младен Протиќ, проект менаџер од Центар за СИПР, Куманово

Вториот проект има за цел подобрување на туристичкиот потенцијал на регионот со примена на иновативни средства  за туристичка промоција. Резултатите од проектот ќе бидат од корист за населението од двата прекугранични региона, истакна проект менаџерот Денис Жерновски.

-Во рамките на овој проект основна цел е изработка на 3D промотивни видеа кои што ќе бидат искористени за промоција на туристичките локалитети во секоја од општините кои што се дел од Ќустендилската област или од Североисточниот регион . Исто така во рамките на проектот ќе се извршат и градежни работи односно реконструкција на големата сала во општинската  зграда на Крива Паланка и ќе се набави соодветна опрема со која што ќе  може да се прожектираат овие 3D видеа , изјави Денис Жерновски, проект менаџер

На денешната презентација присуствуваа  и 14 лица  од Република Бугарија како резултат на проктот од ИПА 2 компонента од Програмата со меѓугранична соработка помеѓу Р.Бугарија  и Р.Македонија  2014 -2020 година .

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)