Меѓународен ден на спомениците и локалитетите

Меѓународниот комитет на ИКОМОС  го прославува 18 април како Меѓународен  ден на спомениците и локалитетите, востановен на седница на Генералната конференција на УНЕСКО во 1983 година.

„Културното наследство и одржливиот туризам“ е тема на годинашното одбележување на Меѓународниот ден на спомениците и локалитетите, кој го одбележуваат националните комитети на ИКОМОС  во 108 земји во светот. Меѓународниот ИКОМОС преку своите национални и меѓународни научни комитети сака да ги поттикне локалните заедници и нивните жители за важноста на културното наследство за нивниот живот, идентитет и општеството и да ја промовира грижата за неговата различност и ранливост и напорите за негова заштита и конзервација.

Подигање на свеста за значењето и вредностите на културното наследство во Македонија, како значајна превентивна активност, системска едукација и специјализација на конзерваторскиот кадар во Република Македонија, се едни од целите на Mакедонскиот национален комитет ИКОМОС.

На подрачјето  на Куманово  се наоѓаат деведесетина споменици и локалитети  кои што претставуваат значајно културно наследство. Националната установа Музеј е надлежна за заштита на мегалитската опсерваторија Кокино ,а за останатите се грижи Националниот конзерваторски центар. Надлежните посочуваат дека особено последната деценија многу се  инвестира во зачувување на културното богатство. Културното наследство законски е темелна вредност на Република Македонија што се заштитува во секакви околности. Заштитата на културното наследство е од јавен интерес и се остварува задолжително на целата територија на Република Македонија.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)