Меѓународен проект за откривање талентирани ученици

Основното училиште Толи Зордумис деновиве е домаќин на делегации од четири училишта од Турција, Романија и Полска. Се работи за проектот од Еразмус плус програмата, кој е подржан од Европската комисија од Турската национална агенција.  Истиот е насочен на рано откривање и развој на таленти уште во наставата. Пред се е наменет за наставниците да знаат да ги откријат талентите и да ги насочат за да истото биде правилно искористено.

-Овие денови ние сме домаќини посета на нашето училиште, ќе има обуки како да откријат наставниците талентирани деца кои ќе бидат одржани од страна на професор од нашиот универзитет Кирил и методиј проф Елена Ачковска ќе ги одржи овие обуки на турскиот тим и на нашиот и заедно со сите партнери училишта ќе имаме обука како да откриеме ран талент кај ученици од прво второ трето четвро одделение-истакна Наталија Спасовски координатор на проект, наставник по англиски јазик Толи Зордумис.

-Во овој проект тука ќе имаме активности во Македонија ќе можеме да откриеме нови начини во рана возраст кои се методите за откривање на талентот кај децата. Целта на овој проект е да се зајакне улогата на професорот како на рана возраст да може да препознае и открие талент кај детето, и како правилно да го насочи детето за да може да го искористи својот талент-посочи Џумур Чад главен координатор на проектот од Турција.

Раководителот на Секторот за образование во Куманово, Жика Крстевски ги запозна гостите дека во најголемата општина во државата функционираат 17  основни и пет средни училишта, во кои се образуваат 18.000 ученици.

-Се гордееме што речиси сите училишта се вклучени во дел од проектите како што е денешниот еразмус плус така што нашите ученици се вклучени во сите напредни проекти кои овозможуваат интеграција на Македонија во Европската заедница-посочи тој.

Со богата културно уметничка програма училиштето им посака добредојде на гостите од Турција, Романија и Полска. Манифестацијата ја збогати и настапот на студиото за модерен балет Мак како и културно уметничкото друштво Срма.

 

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)