Меѓународен тамбурашки фестивал во Куманово

Традиционално по 11- ти пат  во Куманово ќе се одржи Меѓународниот тамбурашки фестивал. На 21 И 22 месецов  на градскиот плоштад граѓаните ќе можат да уживаат во звуците на тамбурата на  оркестри од градот и од странство. Првата фестивалска вечер ќе ја отворат кумановските тамбураши.

-Ќе имаме гости, ќе биде Мартинијан Кириловски и Ивона Јовановиќ, јас ќе пеам заедно со моите тамбураши за да главната атракција или ѕвезда на вечерта биде господинот Мирослав Шкоро со својот тамбурашки оркестар доаѓаат од Хрватска, за првпат гостуваат во Република Македонија во Куманово и на негово големо задоволство скоро два, два ипол часа ќе има можност нашата ценета публика и граѓаните да бидат дел од тоа учество, изјави Нино Величковски, директор на Фондација за култура и спорт

На втората фестивалска вечер ќе настапат тамбурашки оркестри од Унгарија, Србија и Словенија.

-Гостуваат тамбурашкиот оркетар Банат од Сегедин, Унгарија, тоа е одличен оркестар кој бори 8 члена ќе имаат музика од нивното поднебје, од Унгарија, втори ќе настапат тамбурашкиот состав Лабанда, тоа се девојки 8 од нови сад кои се мизички образовани кои одлично свират тамбурата имав можност да ги слушам, и ќе го затворат фестивалот исто престижен добар оркестар тамбураши од Словенија , тоа се 11 девојки кои свират и 6 кои што пеат 17 члена и со тоа ќе го затвориме фестивалот за оваа година, изјави Величковски.

Меѓународниот тамбурашки фестивал е во организација на Секторот за култура и Фондацијата за култура и спорт, поддржан од Советот на општината, градоначалникот на Куманово Зоран Дамјановски и министерството за култура.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)