Меѓународна ликовна колонија „Карпино 2015“

Мултимедијалниот центар Карпино по 13 –ти пат  е организатор на меѓународната ликовна колонија „Карпино 2015-та  “ . Уметници од Македонија, Србија, Босна и Херцеговина, Бугарија и Унгарија до 9-ти септември ќе творат во ресторан Грација. До пред 4 години се твореше во манастирскиот комплекс Карпино,  но таму  нема веќе услови за вакво колонијално дружење, велат организаторите.  Учесниците на колонијата ќе го посетат манастирскиот комплекс Карпино и други значајни места во Куманово и регионот.

 -Во недела е организирана колажна вечер, ќе имаме поезија, изложба на фотографии од Фото клуб Куманово, добро дружење, претпремиера на промоција на Бислимска клисура, а во вторник свечено затворање кога ќе има интерна изложба на делата што се направени ан колонијата. Вообичаено посета на црквата Свети Ѓорѓи во Старо Нагоричане, Меморијалниот центар Пелинце, ручек и полека заминување на учесниците, изјави Зоран Павловски, претседател на Мултимедијален центар „Карпино“

Според критериумите  уметниците треба да создадат најмалку три дела, а претходните години вообичаено од 27 до 36 дела останувале на располагање на Мултимедијалниот центар Карпино.

-Од кои две дела остануваат за организаторт,  а едно дело може да го понесат со себе. Најголем дел од оние кои се продуктивни или хиперпродуктивни остават и повеќе дела така што и оваа година очекуваме над 30 дела да бидат оставени на располагање на мултимедијалниот центар Карпино кои ќе бидат депонирани во депо и ќе ги красат дел од институциите или кога ќе дојде време ќе биде направена аукција, изјави Павловски од Мултимедијален центар Карпино

Уметниците ќе творат на слободна тема, а најголем дел од нив ќе користат  техника – акрил на платно. Организаторот,  Мултимедијалниот  центар Карпино постои од 2004 година, а освен меѓународната ликовна колонија, со години ја подготвуваат и познатата манифестација Кумановска Пивтијада. Здружението  учествува и во некои помали проекти како партнер организатор, како што е проектот за Бислимска клисура и многу други.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)