Меѓународна ликовна колонија “Лесново 2018“

Триесетина слики од ликовни уметници од Македонија, Србија, Бугарија, Англија и Русија ќе бидат претставени пред кумановските љубители на уметноста во четврток неделава во центарот за култура „Трајко Прокопиев“. Традиционалната Меѓународна ликовна колонија “Лесново 2018“ по 27 пат  обедини 16-мина  ликовни уметници  инспирирани од опкружувањето на манастирот „Св. Гаврил Лесновски“ .

-Изложбата се реализира како резултат на одличната соработка  на центарот за култура „ Трајко Прокопиев“  со Домот на културата “Злетовски рудар“ од Пробиштип – институција којашто заедно со Општина Пробиштип е организатор на колонијата.Уметниците при изработка на делата биле инспирани од опкружувањето  на манастирот – вулканските карпи, бујната вегетација, староселската архитектура и фолклорните елементи карактеристични за тој крај , изјави Роберт Цветковски, историчар на уметноста

Оваа изложба претходно била претставена пред ликовната публика во Пробиштип. Цветковски ги повикува граѓаните да бидат дел од отворањето на изложбата на слики која во Куманово ќе биде поставена до први октомври годинава.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)