МЗТ по четврти пат ја освои титулата

Екипата на МЗТ по четврти пат ја освои титулата на кошаркарската Супер лига, откако ја порази екипата на Куманово со резултат од 94-85.

Кумановци не успејаа да го направат најавеното изненадување и загубија на третиот финален меч од кошаркарскиот шампионат. Кошаркарите на Куманово со лошиот старт на почетокот на мечот, дозволија скопјани да ја заземат предноста со 10 поени. МЗТ ја постави и најголемата разлика на синоќешниот натпревар со 22 поени, кои кумановци успејаа да ги постигнат дури до третата четвртина со резултат 76-72.

МЗТ во последниот период го зајакна нападот со што го постави конечниот резултат од 94-85, со тоа освојувајќи ја четвртата титула во низата.

Најефикасен кошаркар од редовите на Куманово со постигнати 23 поени беше Вукашин Мандиќ, додека од редовите на домашниот тим, со 22 постигнати поени, беше Предраг Самарџиски.

Со синоќешниот натпревар заврши и една турбулентна сезона во која Куманово постигна поголем успех и ги надмина очекувањата на публиката. Со тоа што кумановци се наоѓаат на второто место во Супер лигата, се поставува голем чекор напред во однос на претходните резултати на клубот. Ова е капиталното достигнување во историјата на кошаркарскиот клуб Куманово.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)