МЗТ Скопје пред празни трибини дојде до трофејот

КК Куманово пред празни трибини во Спортската сала во четвртиот меч од финалните дуели изгуби од МЗТ Скопје со резултат 9о- 88. Како претходните и оваа финале помина со инцидент. Искрите на теренот по одредените судски одлуки во средина на третата четвртина беа пренесени на трибините по што следуваше празнење на истите. Дел од навивачите на западната трибина одбиваа да ја напуштат салата по што следеше остра полициска акција во која што насилно дури и со голем физички напор „Кумани“, но и останатите гледачи кои беа сместени пред самиот паркет беа приморани да се придвижат кон излезот. Острата акција на полицијата предизвика реакција кај гледачите од другите трибини кои се спуштија на паркетот, но по одреден временски период и тие ја напуштија салата.

Во однос на играчкиот аспект имаше крајно неизвесна завршница. Со неколку тројки во последните минути на играчите на МЗТ Скопје и со неуспешно завршениот напад во завршните секунди домашната екипа го изгуби натпреварот. Домашните играчи и тренерот Марјан Србиновски со тешко срце го прифатија исходот на натпреварот кој беше остварен без шестиот играч за екипата, публиката, а МЗТ Скопје славеше пред празни трибини. Домашните играчи симболично ги извадија медалите по прогласувањето искажувајќи го својот револт. Гостинските играчи со силно полициско присуство го понесоа пехарот од салата, така што целата манифестација скоро и да не наликуваше на спортска.

 

Kosarka 2 Kosarka 3 Kosarka 4 Kosarka 5 Kosarka 6 Kosarka 7

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)