МЗ: Вчера вкупно се вакцинирале 14.928 граѓани

Министерството за здравство информира дека на вакциналните пунктови во државата и на терен, заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 552.263 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 8.202 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 14.928 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 998.876 дози вакцини, а ревакцинирани се 446.613 граѓани.

Со последните бројки 66% од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина, 63% од населението над 65 години е вакцинирано со барем една доза вакцина, 59% од населението над 60 години е вакцинирано со барем една доза вакцина и 48% од населението над 50 години имаат примено барем една доза вакцина.

Коментари

коментар(и)