МЗ: Вчера се аплицирани 12.590 вакцини

Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата. Интересот за вакцинација секојдневно се зголемува, а досега бројот на лица кои изразиле желба за вакцинација преку веб платформата vakcinacija.mk е 494.389 граѓани.   На вакциналните пунктови во државата заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 400.235 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 9.377 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 12.590 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 640.886 дози вакцини, а ревакцинирани се 240.651 граѓани. Со последните бројки 54 % од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина,  52 % од населението над 65 години е вакцинирано  со барем една доза вакцина, 47 % од населението над 60 години е вакцинирано  со барем една доза вакцина и 39 % од населението над 50 години е вакцинирано  со барем една доза вакцина.

Коментари

коментар(и)