МЗ: Вчера се аплицирани 14.763 вакцини

Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата, информира министерството за здравство. Интересот за вакцинација секојдневно се зголемува, а досега бројот на лица кои изразиле желба за вакцинација преку веб платформата vakcinacija.mk е 433.787 граѓани.

На вакциналните пунктови во државата заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 236.878 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 2.057 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 14.763 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 331.034 дози вакцини, а ревакцинирани се 94.156 граѓани. Со последните бројки 47 % од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина, 41 % од населението над 65 години е вакцинирано  со барем една доза вакцина, соопштуваат надлежните.

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)