МЗ: Вчера се аплицирани 17.679 вакцини

Во текот на вчерашниот ден е забележан значително зголемен интерес за вакцинација помеѓу граѓаните. Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата, а во тек е и теренска вакцинација. На вакциналните пунктови во државата и на терен, заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 543.597 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 8.030 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 17.679 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 982.645 дози вакцини, а ревакцинирани се 439.048 граѓани.

Со последните бројки 66% од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина, 63% од населението над 65 години е вакцинирано со барем една доза вакцина, 59% од населението над 60 години е вакцинирано со барем една доза вакцина и 48% од населението над 50 години е вакцинирано со барем една доза вакцина.

Граѓаните без закажан термин се вакцинираат, во постоечките вакцинални пунктовите низ државата. Процесот на теренска вакцинација се одвива на територија на цела држава, со ротации на медицински екипи во секое село, рурално населено место, населба, соопштува министерството за здравство.

 

Коментари

коментар(и)