МЗ: Нема новозаболени кумановци од ковид- 19, еден починат

Нема новозаболени кумановци од ковид-19 во изминатото деноноќие, информира министерството за здравство. Трите нови случаи се евидентирани во Скопје. Пријавени се две починати лица, од Куманово ( 75 год.) и од Скопје ( 76 год.) , а во последните 24 часа регистрирани се и 15 оздравени пациенти.

Досега во земјата направени се вкупно 856.274 тестирања на Ковид-19.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.627, а бројот на активни случаи изнесува 273.

Вкупно во Куманово досега 8.878 заболени, активни 34.

 

 

Коментари

коментар(и)