МЗ: Целосно вакцинирани 35 проценти од граѓаните

Согласно податоците од Министерство за здравство, 35 проценти од популацијата во државата примила две дози вакцина, додека според бројот на аплицирани вакцини, 38 отсто од целата популација во нашата земја е вакцинирана барем со една доза.

Во училиштата вакцинирани се околу 75 отсто од наставниците, додека настава на далечина следат околу два проценти од учениците, според податоците на Министерството за образование и наука.

Според вчерашните податоци на министерството за здравство во земјава Куманово е на второ место со 612 активни случаи.

Вкупниот број Ковид-19 дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 195.002, бројот на оздравени пациенти е 181.196, на починати е 6.849, а на активни случаи изнесува 6.957.

 

 

Коментари

коментар(и)