МЗ: 27 ковид пациенти во кумановската болница

Министерството за здравство информира дека во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 109 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот.

По извештаите на болниците кои пристигнуваат во министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Куманово  се лекуваат 27 пациенти позитивни и суспектни на Ковид 19.

Надлежните потсетуваат дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти.

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град и во болниците низ земјава е 183 и има околу 430 празни болнички кревети во ковид центрите.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)