Мигрантите во очекување на Самитот на ЕУ

Мигрантите во транзитниот центар Табановце, но и оние 335 –ина од Сирија и Ирак кои што веќе цела недела се во шатори на граничниот камен со нетрпение го очекуваат самитот на ЕУ. Се надеваат  дека ќе се донесе одлука во нивна корист.

-Сакам да избегам од војната и не размислувам што понатаму. Овде е се добро организирано,  имаме храна, облека, но ние сакаме да си одиме. Чекаме што ќе се случи на 17 март на Самитот и каква одлука ќе се донесе за нашата судбина, па потоа ќе одлучиме што ќе правиме- изјави Моаз Остоани (23) од  Сирија.

Раководителот на транзитниот центар вели дека трпеливоста на мигрантите и покрај тоа што повеќе од еден месец се во центарот е на високо ниво, но , според него, се ќе зависи од тоа како ќе се позиционира европската политика кон мигрантското прашање.

-Сите се во некои очекувања, сите се во неизвесност, сметаат и понатаму дека ќе може да ја продолжат рутата низ балканските земји кон ЕУ така што се трпеливи. Од друг аспект се сосема задоволни од она што им го пружаме, изјави Горан Стојановски, менаџер на Транзитен центар Табановце

Мигрантите ќе останат во шаторите на меѓузоната до завршување на Самитот, велат надлежните.

-А потоа дали ќе бидат сместени во транзитниот центар или дел од нив ќе бидат упатени во Гевгелија зависи од одлуките на органите на Владата кои работат на кризното менаџирање, вели Стојановски.

Вкупната бројка на мигранти на Табановце е 1435, од нив 1100 мигранти се сместени во транзитниот центар.   

 

 

 

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)