Мигрантите прават штета во Табановце

На ваков однос утринава наиде екипата на Телевизија Плус, откако по реакција на мештаните на Табановце дека секојдневно имаат проблеми со агресивните беглаци, се обиде да поразговара со нив. Телевизија Плус беше сведок дека неколкумина мигранти, кои се наоѓаа во близина на железничката станица освен што се обидоа физички да се пресметаат со снимателот, дури и крадеа од овоштарниците кои што се наоѓаа во близина. Жителите на Табановце, а особено на маалите Чивлак и Сланиште, каде секојдневно поминуваат илјадници мигранти, велат дека неколку недели постојано се под стрес, бидејќи тие поминуваат покрај нивните домови, а во некои дури и се осмелиле да влезат, за да дојдат до засолниште, храна и вода. Велат дека минувајќи низ полињата тие уништиле половина од нивните земјоделски насади, но од неодамна започнале и да влегуваат во нивите и да се снабдуваат со зеленчук и овошје.

-Луѓе имаат бавчи, овошни насади, пред неколку недели заврши жетва тие немаат никаков корист од тоа што го работеа, се е наберено, згазено, украдено и сега мештаните се жалеа во неколку инситуции и тие велат зошто не е осигуран имот.  Од каде ние знаеме дека за еден месец ќе помине толкав бран на бегалци, луѓето не знаат каде да се обратат-изјави Драган Станковиќ в.д претседател на месна заедница Табановце.

-Проблеми имаме во поле, нивите се газат, уништуваат, дрвјата ги палат, жетвата беше слаба оваа година бидејќи многу уништија, штета е направена голема, сега уште повеќе откако одат за Србија и се враќаат назад во село, тука сакаат да ноќеваат-наведе Милош Томиќ.

Мештаните додаваат дека освен што им е уништен трудот, мигрантите без страв се почесто влегуваат во нивните домови, гаражи и плевни. Велат дека  постојано се под стрес, и со денови се без сон.

-Утринава имаше во мојата гаража најмалку 20 души. Кога станав да одам на работа палам светло да земам нешто куп луѓе, се запрепастив тука во дворот, кај што најдоа суво се заслонија-наведе Зоран Митровиќ.

Особено на удар е семејството Тасиќ, односно последата куќа која што се наоѓа на самата граница со Србија. Тие велат дека во нивниот двор и дом мигрантите прават што ќе се посакаат. Секојдневно влегуваат, го користат нивниот тоалет, вода и храна. Велат дека неодамна мигрант од Нигерија физички ги нападнал и се обидел на сила да влезе во домот. Додаваат дека воопшто немаат мир, но дека надлежните не покажуваат интерес за да им помогнат.

Мештаните нагласуваат дека засега се оставени сами да се справуваат со проблемите кои што ги имаат со бегалците. Додаваат дека се задоволни од односот на граничната полиција, но апелираат надлежните што поскоро да реагираат и да ги заштитат, бидејќи се чувствуваат небезбедно. Велат дека стравуваат дека со влошување на времето ќе се зголемат и нивните проблеми, па затоа сами поставуваат жици и порти, за да се заштитат од влез на мигранти.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)