Мигранти на велосипеди и пеш транзитираат низ Куманово

Стотина мигрантии и денеска се движеа по автопатот Скопје-Куманово и покрај тоа што вчера во полициска акција беа уапсени повеќе илегалци во липковското село Ваксинце. Пеш или со велосипед, најчесто во групи тие транзититаат низ Куманово, со намера да ја поминат границата со соседна Србија, а крајната дестинација им се земјите од Европската Унија. Камерата на ТВ Плус регистрираше поголема група на мигранти составена од жени, мажи и деца. Меѓу нив имаше и бремена жена која со себе носеше мало бебе и неколку стари  изнемоштени лица. Еден од нив е и дваесетгодишниот Ахмет од Сирија кој на велосипед со дупната гума се движеше заедно со својата мајка и брат. Тој објасни дека откако ќе ја поминат границата и ќе влезат во Србија со такси ќе продолжат кон Холандија.

-Јас сум од Сирија, од Гевгелија пешачев,а потоа најдов велосипед на улица па го зедов. Одам во Холандија таму имам чичко. Одам заедно со мојата мајка и брат, имам дваесет години и не сум женет. Опасно е во Македонија има крадци, во Сирија е подобра од тука, вели Ахмет.

Вработените од патарината објаснуваат дека мигрантите доаѓаат од Сирија, Авганистан, Ирак, Либија и други земји од Блискиот Исток. Не прават никави проблеми и не бараат ништо, туку мирно и исплашено го продолжуваат долгиот, исцрпувачки пат.

-До 120 мигранти поминуваат зависи од денот, групно дваесет може и по два и по три, пешки има многу, сега почнаа и со велосипеди, вели Шемси Незири, вработен  на наплатна рампа Романовце.

Мигрантите се почесто засолниште бараат и во градската џамија во центарот на градот. Верниците во џамијата велат дека е се поголем бројот на мигрантите кои доаѓаат да се помолат и откако ќе се одморат го продолжуваат  патот кон границата со Србија.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)