Мигранти приведени во Ваксинце

Во пет објекти од вкупно 10 во кои е извршен претрес  утринава во липковско ваксинце полицијата отктри 128 илегални мигранти. Акцијата  беше спроведена под сомнение дека се криумчарат мигранти во селото. Најголем дел од нив се од Сирија, Ирак и од останатите земји на Блискиот Исток. Според портпаролот на МВР, Иво Котевски сопствениците ги изнајмувале објектите на мигрантите за 1.500 евра месечно, а само за засолнување им се наплаќале од 5 до 10 евра без да им се обезбедат кревети за спиење.

Во акцијата пронајдени се пиштол со рамка од 5 куршуми и дополнителни 7 куршуми во ранец на мигрант, компјутер, два лап топ компјутери, кошула со ознака УЧК, маскирна кошула без никаква ознака, три мобилни телефони, два џепни ножеви и 2.400 евра пари.

Мигрантите биле пронајдени на различни локации во селото. По откривањето илегалците биле пренесени во полициски станици за да им се утврди идентитетот и најголем дел од нив се префрлени во центарот за баратели на азил . Оние за кои постои сомнение дека можат да бидат сведоци во кривичната постапка се пренесени во транзитниот центар за мигранти и таму ќе останат до разрешување на случајот.

Акцијата поминала без никакви проблеми, велат надлежните.

Еден час по големата полициска акција во липковско, неколкумина мигранти со стапови во рацете се движеа покрај пругата во правец кон Ваксинце. А група од други педесетина илегалци, меѓу кои и жени и деца, додека екипата на телевизија Плус заминуваше  од липковскиот крај, навлегуваше во селото од соседното Речица, незнаејќи дека само што завршила акцијата за пронаоѓање на нивните сонародници. Жителите на селата кои гравитираат околу Ваксинце сведочат за секојдневните патешествија  на мигрантите во липковскиот регион.

Мештаните досега немале проблеми со илегалците, но сепак не знаат дали и во иднина ќе биде така. Бараат од надлежните да изнајдат начин да ги откриваат навреме и да не им се дозволи илегално да транзитираат низ Македонија, а особено низ кумановскиот регион. По денешната акција,

од страна на министерството за внатрешни работи до надлежното Јавно Обвинителство за гонење организиран криминал ќе биде поднесена кривична пријава за криумчарење на мигранти против 4 лица од Ваксинце на возраст од 32 до 61 година кои фигурираат како сопственици на објектите во кои се пронајдени мигрантите. Инаку, денеска во акцијата уапсен е и 68 годишен жител на Ваксинце кој подолго време е баран по потерница за извршено кривично дело убиство во 2001-та година.

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)